Видео : Македонските фудбалери не доволно подготвени
12.08.10 13:01
Репрезентацијата на Македонија не успеа да ја оствари посакуваната и планирана победа во контролната средба со Малта која се одигра синоќа во Ла Валета со резултат 1-1 . Сепак селекторот Мирсад Јонуз смета дека и овој резултат, заедно со настаните на теренот можат да бидат корисни за стартот на квалификациите доколку се извлечат потребните поуки и навреме се реагира:
– Одигравме две различни полувремиња. Во првото доминиравме ние и пропуштивме неколку убави прилики да го решиме натпреварот. На почетокот на вториот дел се случи она од што најмногу се плашев, направивме грешка во одбраната и тоа резултираше со израмнување на резултат. Во тој дел од натпреварот ги одигравме најслабите 20 минути во сите овие контролни натпревари. Се створи конфузија во нашиот тим од која за среќа успеавме да излеземе и до крајот да заиграме на победа со неколку нововлезени играчи кои го забрзаа темпото. Она што ме загрижува во овој момент тоа е што добар дел од играчите се уште не се подготвени за стартот на новата сезона иако кај неколкумина, како Пандев на пример кој беше на турнеја во САД, се забележува голем замор, особено што натпреварот се одигра во тешки временски услови, топло време со голема влажност на воздухот.
– Пред самиот натпревар одржавме неколку состаноци на кои се договоривме како да играме, но очигледно дека играчите барем против Малта играа далеку од договореното. Реално сите очекувавме победа и продолжување на успешната серија, но сепак можеби овој резултат дојде во вистинско време за да играчите сфатат дека местата не им се загарантирани во тимот, дека одговорноста е голема и во наредниот период да се обидат да ја поправат својата форма но и физичка подготвеност.
– Немаме веќе време за проверка на нови сили и експериментирање. Во овој момент сум сигурен дека 2-3 играчи од оваа формација нема да бидат во списокот за Словачка кој ќе го објавиме на 18. Август.- изјави денеска селекторот Мирсад Јонуз.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.