Не стивнуваат позитивните реакции во јавноста по големиот триумф на македонската кошаркарска репрезентација која со елиминација на домаќинот на Европското првенство, Литванија, обезбеди учество во полуфиналето. Историскиот успех избраниците на Марин Докузовски можат да го надополнат со медал, но што и да се случи натаму, тие се вистински спортски херои. Антиќ, Илиевски, Мекејлеб, Стојановски, Самарџиски, Гечевски, Чековски, Соколов….. со големата и пожртвувана игра која на колена ги фрли европските кошаркарски велесили ја сплотија нацијата која ги живее најрадосните спортски моменти од осамостојувањето на Македонија.


OhridNews