Специјалните сили на МВР изведоа акција при обид за криминални активности на Охридското Езеро, во случај на илегален транспорт на стоки преку езерото, користејќи информации добиени преку соработка со надлежните служби од Албанија и Косово.
Како што беше истакнато при денешното изведување на вежбите, тие се спроведуваат со цел детектирање на евентуални слаби точки или какви било празнини во меѓународната соработка на полициите од регионот, како и нивно надминување, во насока на подобро справување со криминалните активности.
Во текот на дводневните вежби реализирани во Охрид, се разработуваа повеќе сложени случаи од областа на организираниот криминал.
Денешната симулација целосно беше реализирана од страна на македонската ИЛЕЦУ единица, а беше проследена од припадници на ИЛЕЦУ единиците од Албанија и од Косово, како и претставници на обвинителството и на дирекцијата на ИЛЕЦУ од Австриската сојузна полиција.