Во последниот меч од 21-та рунда во Примера, Гранада ја совлада Малага со 2-1 и ја забележа седмата победа во сезоната.


Домаќините во водство ги донесе Игало во 57-та минута, резултаскиот “егал“ го направи Рондо во 68-та додека седмата победа на Гранада ја запечати Лопез во 81-та.

Фаворизината екипа на Малага, која пред почетокот на сезоната важеше за една од најквалитетни, потполно разочара и со 28 бодови се на осмата позиција, новајлијата во Примера, Гранада со триумфот скокна на “сигурното“ 14 место со 25 бодови или два повеќе од Виљареал кој е во зоната за испаѓање.

Мх.П.