Манчестер Јунајтед го превзеде врвот во Премиер лигата по триумфот над КПР со 3-1. “Ѓаволите“ беа во негатива, но им беа потребни осум минути да постигнат три гола и да го решат конечниот победник. Ова беше шеста победа сезонава со ваков пресврт. Еванс, Флечер и Чичарито беа стрелци за Јунајтед, додека резултатот го отвори Џејми Мекки.

КПР останува на дното во лигата, а новиот шеф на клупата Хари Ренднап ќе има тешка задача да ги спаси од најлошото.

Мх.П.