Сезонава Премиер Лигата славеше љубилеј од 20 години од оформувањето. Многу екипи, менаџери и  фудбалери поминале во овие 20 сезони, но никој не оставил трага како Манчестер Јунајтед. Со 12 титули “црвените ѓаволи“ станаа заштитен знак во најаката англиска лига.


Лондоските екипи Арсенал и Челси имаат по три. По еднаш на трофејот од Премиер Лигата се радувале Блекбурн и Манчестер Сити.


Наградата најдобар менаџер, замина во рацете на креаторот на модерниот Манчестер Јунајтед, шкотланѓанецот Сер Алекс Фергусон. И најдобриот фудбалер во Премиер Лигата, доаѓа од составот на “црвените ѓаволи“, а тој е Рајан Гигс.


Најдобра екипа во 20-ет годишното постоење на Премиер лигата е Арсенал од сезоната 2003/04, која сезона ја заврши без пораз и ја круниса со дупла круна.


За најдобар гол е избран победничкиот погодок на Вејн Руни со “ножички“ против градскиот ривал Манчестер Сити. Најдобра прослава на гол, е избрана на французинот Ерик Кантона на мечот против Сандерленд.


Мх.П.