Без победник 2-2 заврши дербито во францускиот шампионат меѓу Марсеј и Лион. Сите возбудувања се случија во првиот дел кога прво домаќините поведоа со 2-0 со головите на Шеру и Брандао, додека во финишот на вториот дел гостите возвратија преку Гоми и автоголот на Диавара

Лидер на табелата е тимот на ПСЖ кој благодарение на триумфот над Евиан со 3-1 остана со три бода предност на Монпеље.

Табела : ПСЖ 49, Монпеље 46, Лил 39…