“Не сакаме екстерно оценување“ – пишуваше на еден од бројните транспаренти што ги носеа охридските основци и средношколци на масовниот протест што се одржа денеска.


Тие продефилираа пред училиштата и низ центарот на градот изразувајќи го својот револт, од како што рекоа, „експериментот на државата со екстерното оценување“. Тие кажаа дека ќе продолжат со протестите се додека државата не го укине екстерното оценување. Средношколците сметаат дека нема потреба од такво испитување бидејќи полагаат матура во 4 година, додека основците рекоа дека не се подготвени за екстерно оценување бидејќи немаат учебници по одредени предмети. Масовни протести на учениците денеска имаше низ целата држава.

Ohridnews