Македонскиот интернациналец Горан Пандев влезе во вербална расправија со тренерот Валтер Мацари, откако овој го изваде од игра не мечот со Аталанта кој заврши 1-1. При напуштањето на теренот Пандев му одговорил со зборовите: “Губи се!”.

По завршувањето на мечот тренерот на Наполи, Мацари му се извини на Пандев.- “Пандев беше лут, можеби со право, бидејќи можев да го оставам во игра уште десетина минути. Тој се подобруваше на теренот, но јас мислев дека во тој момент ми треба брзината на Лавеци. Ќе му се извинам на Пандев”, истакна стратегот на Наполи.

Ohridnews