Видео: Маж турна девојка на шини во метро
25.02.12 19:07
Вистинска драма се случувала во метро во Лондон кога 40 годишен маж ненадејно и пришол на девојка и ја турнал на шините. За среќа 23-годишната девојка не паднала на шините кои се под електричен напон, а благодарение на присебноста на луѓето кои се нашле на местото на настанот таа била брзо извлечена само неколку секунди пред да дојде возот. Патниците го совладале напаѓачот, а поради инцидентот сообраќајот во северниот дел од лондонското метро бил во прекин цела вечер.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











