Американецот Дастин Порие приреди големо изненадување во синоќешните УФЦ борби, победувајќи го ирскиот борец Конор МекГрегор со нокаут во втората рунда од борбата.

За МекГрегор ова е прв пораз со нокаут, а втор во кариерата. Првиот му е од Хабиб Нурмагомедов пред три години, додека Порие ја искористи приликата за реванш за поразот од Ирецот пред шест години.

Почетокот и првата рунда од борбата не наговестуваше пораз на МекГрегор, кој имаше повеќе чисти удари од противникот. Во втората рунда, Порие, беше многу подобар. Одбранбено делуваше фантастично, а еден од неговите чисти удари заврши во лицето на Ирецот кој не можеше да се врати.

Порие може да го предизвика Хабиб Нурмагомедов, кој прво ќе треба да се врати на УФЦ борбите, бидејќи објави дека се повлекува.

OhridNews