Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед одлично се справи со притисокот по елиминацијата од Лигата на Шампиони совладувајќи го Вулверхемптон со 4-1. По еден погодок во двете полувремиња постигнаа португалскиот репрезентативец Нани и “десетката“ на Манчестер, Вејн Руни почесниот погодок за “волците“ го постигна Флечер.

Арсенал и Ливерпул со идентична победа 1-0 над Евертон односно КПР прокнижија нови три бода на премиерлигашката табела. За “топџиите“ прецизен беше Робин ван Перси додека за “црвените“ уругваецот Луис Суарез.

Резултати: Мен Ју – Волфс 4-1, Ливерпул – КПР 1-0, Арсенал – Евертон 1-0, Свонси – Фулам 2-0, Норвич – Њукасл 4-2, Болтон – Астон Вила 1-2, ВБА – Виган 1-2.

Табела : Мен Сити 38 (-1), Mен Ју 36, Тотенхем 31 (-1), Арсенал 29, Челси 28 (-1). .

Мх.П.