Манчестер Јунајтед на дербито во Премиер Лигата ја потврди шампионската улога совладувајќи го Челси со 3-1. “Црвените ѓаволи“ го искористија киксот на градскиот ривал кој ремизираше на гостувањето во Фулам играјќи 2-2 и го превзеде врвот на табелата.


Избраниците на Сер Алекс Фергусон прашањето за победа го одговорија во првиот дел откако мрежата на Петр Чех ја затресоа Смолинг, Нани и Руни. Трошка надеж за Челси донесе Торес постигнувајќи погодокот во првата минута од вториот дел.


Man 3-1 Ce by goalsarena2011

“Црвените ѓаволи“ преку најдобриот стрелец Вејн Руни имаа можност да го зголемат водството но англичанецот промаши пенал а Фернандо Торес возврати на ист начин откако избегна офсајд “стапица“ го издрибла чуварот на мрежата на Јунајтед сонародникот Давид де Геа но завршницата беше “смешна“промашувајќи празен гол.

Резултати: Мен Ју – Челси 3-1, Тотенхем – Ливерпул 4-0, Сандерленд – Стоеук 4-0, Фулам – Мен Сити 2-2

Мх.П.