Борусија како домаќин го победи Бохум со 1:0, со голот кој во првата минута од судиското продолжение го постигна Игор Де Камарго. Возвратниот натпревар, по кој ќе биде позната последната екипа која следната сезона ќе игра во Бундес лигата ќе се одигра на 25 мај во Бохум.
Директен пласман во елитната конкуренција изборија Херта и Аугсбург, додека елитата ја напуштија Санкт Паули и Ајнтрахт Франкфурт. Бохум место во дополнителните квалификации избори освојувајќи го третото место во втората Бундес лига, додека Борусија беше 16-та во елитното друштво.