Реал Мадрид оствари вредна победа на гостувањето кај Малага со убедливи 4-0. “Кралевите“ триумфот го заверија по првите 45 минути во кои брилираше Кристијано Роналдо. Португалецот за време до 14 минути постигна хет трик, прв мрежата на Малага ја начна Игуаин.

Барселона преку Меси не искористи удар од најстрога казна во последната минута од натпреварот, а дербито во “Ла Лига“ помеѓу Барселона – Севиља заврши без победник 0-0.