Лионел Меси и Давид Виља се запишаа во листата на стрелци во триумфот на Барселона над Билбао со 2-1. Ираола беше стрелецот на голот за “баскијците“ од пенал.

Десетина минути им недостигаа на гостите да заминат непоразени од Ноу Камп. Долго време одолеваа на нападите но потклекнаа под налетот на “малиот“ аргентинец.

Резлтати : Алмерија-Депортиво 1-1, Хетафе-Расинг 0-1, Осасуна-Еспањол 4-0, Виљареал-Малага 1-1, Севиља-Херкулес 1-0, Барселона-Атлетик 2-1.


Дваесет и третото коло во понеделник ќе го комплетира натпреварот Реал Сосиедад-Мајорка