Актуелниот првак во Серија А, Милан забележа значајна победа во одбраната на титулата,  “росонерите“ триумфираа над третопласираниот Удинезе со 2-1.

Мечот за домаќините започна одлично, откако Ди Нателе погоди за водство. “Росонерите“ се разбудија во последните 15 минути од натпреварот, новата аквизиција на Милан, Макси Лопез го изедначи резултат. Младиот Ал Шарави, со голот во 86-та минута ги одржа амбициите на Милан за титулата.

Мх.П.