Водечките Милан и Јувентус, славеа гостински победи кај Аталанта со 2-0, односно Лече со 1-0. За “росонерите“ клучна улога одигра  Ибрахимовиќ кој еднаш погоди а еднаш му асистираше на Боатенг. Човек на одлука за Јуве, беше Матри.

Победи забележаа уште Рома над Киево со 2-0, и Удинесе над Чезена со 4-1. Новара – Фиорентина 0-3, Болоња – Катанија 2-0, Каљари – Џенова 3-0.