Актуелниот првак Милан немаше проблеми на гостувањето кај Чезена победувајќи со 3-1. Новата аквизиција Мунтари, Емануелсон и Робињо погодија за “росонерите“, додека почесниот гол беше дело на Пудил.
Рома им се врати на победите откако со 1-0 ја совлада Парма, Џенова на домашен терен беше изненадена од Кјево, додека без голови одиграа Новара и Аталанта.
Резултати: Чезена – Милан 1-3, Рома – Парма 1-0, Лече – Сиена 4-1, Новара – Аталанта 0-0, Џенова – Кјево 0-1.
Табела: Милан 50, Јувентус 49, Лацио 42 ……