Убедлив триумф на лидерот во Серија А, Милан на гостувањето во Болоња кај истоимениот лигаш. Втора рунда по ред росонерите стигнуваат до 3-0 победа и тоа со Боатенг, Робињо и Ибрахимовиќ како стрелци. Мирослав Красиќ во третата минута од судиското надополнување го одлучи дербито во врвот на табелата. Српскиот интернационалец по одличниот соло продор го матираше Муслера за пробив на “бјанконерите“ меѓу најдобрите четири на табелата.

Резултати : Палермо-Парма 2-1, Удинезе-Фиорентина 2-1, Џенова-Наполи 0-1,  Болоња-Милан 0-3, Бреша – Сампдорија 1-0, Рома – Бари 1-0, Каљари – Катанија 3-0, Лече – Киево 3-2, Јувентус – Лацио 2-1.

Вечерва играат Јувентус – Лацио.