По натпреварите од 11 рунда Милан е новиот лидер во италијанската серија А. Росонерите го совладаа Палермо со 3-1 и во целост ги искористија лошите резултати на најблиските конкуренти во врвот. Пато, Ибрахимовиќ и Робињо погоддија за Милан. Лацио го претпре вториот пораз во серија, овај пат од Чезена минимално со 1-0 и се лизна на втората позиција на табелата.


Горан Пандев ги одигра само првите 45 минути на гостувањето кај Лече, каде нероаѕурите ја потврдија кризата во која се наоѓаат играјќи 1-1. Милито го постигна водечкиот гол, кој му го посвети на повредениот Валтер Самуел, додека неколку минути подоцна Рикардо изедначи на 1-1. Дијаманти ја поништи предноста на Јувентус, стекната со   голот на Кваљарела.

Резултати : Милан -Палермо 3-1, Бреша -Јувентус 1-1, Каљари – Наполи 0-1, Катанија -Удинезе 1-0, Чезена -Лацио 1-0, Киево -Бари 0-0, Џенова – Болоња 1-0, Лече – Интер 1-1, Рома – Фиорентина 3-2.

Денес : Парма – Сампдорија

Табела : Милан 23 , Лацио 22, Наполи 21, Интер 20, Јувентус 19, Рома 18 . .. .