Лидерот на табелата во групата В, Чиле и Уругвај забележаа минимални победи над Перу односно Мексико. “Црвените“ отпорот пред голот на Перу го скршија во финишот на натпреварот откако Кариљо ја затресе својата мрежа. “Сонцата“ пласманот во 1/4 финалето го обезбедија по погодокот на Переира на средината од првот полувреме.



Уругвај кој е второпласиран во групата во 1/4 финалето ќе се сретне со домаќинот Аргентина додека Чиле противникот ќе го дознае по разврската во групата Б.

Мх.П.