Министерот за одбрана Зоран Јолевски и светски познатиот музички уметник Владимир Четкар, денеска, на градското пристаниште во Охрид, се полеаа со ледена вода во знак на подршка на глобалната кампања за борба против болеста Амиотрофична Латерална Склероза (АЛС). Тие го прифатија предизвикот на Филип Јолевски, синот на министерот Зоран Јолевски, кој ги номинираше.
-Знаеме дека на многу луѓе во Македонија и во светот им треба помош, како и на тие што работат на истражување на болеста АЛС.-рече министерот Јолевски.
-Ова малку изгледа комично, но болеста е сериозна. Се надевам бидејќи сето ова отиде вирано и многу познати личности се приклучија на кампањата, дека ќе се рашири што повеќе оваа порака и дека луѓето ќе донираат во фондацијата на АЛС.-изјави Четкар.
И покрај тоа што предизвикот “Ice bucket challenge” го прифаќаат се повеќе лица во Македонија, во земјава се уште не е отворена жиро сметка за донации за АЛС. Тоа го потврди и министерот Јолевски, кој изрази надеж дека наскоро тоа ќе биде направено.
-Ќе разговараме за тоа бидејќи знам дека има многу хумани луѓе во нашата земја и сигурно ќе се отвори потребната жиро сметка и ние ќе бидеме првите што ќе донираме средства.-изјави министерот за одбрана Јолевски.
И двајцата денеска предизвикаа нови личности од светската политичка и уметничка сцена да ја дадат својата подршка во борбата против оваа болест. Министерот за одбрана ги номинираше за “Ice bucket challenge” оперскиот пејач Борис Трајанов, режисерот Милчо Манчевски, и амбасадорите Исток Грмет од Словенија и Бибеке Лило од Норвешка. Четкар, пак, ги номинираше светски познатиот продуцент и диџеј Димитри фром Париз, американската диџеј легенда Дисил Ру, министерот за странски инвестиции Бил Павловски, како и персоналот од кафе терасата „Аквариус“ од Охрид
Г.М.