Стотици птици биле пронајдени мртви во северен Велс, пренесуваат британските медиуми.

„Птиците паднаа од небо“, изјавила локална жителка. Таа раскажала дека додека патувала со својот автомобил од селото во кое живеела забалежала јато птици на небото. На враќање коловозот бил прекриен со мртви птици. Го известила сопругот, по што случајот го пријавиле во полицијата, која почнала истрага за мистериозната смрт на птиците.

Се претпоставува дека тие можеби биле отруени.

OhridNews