Фенерџијата во Бундес лигата Енерџи Котбус, во која настапува македонскиот репрезентативец Игор Митрески  го приреди најголемото изненадување викендов совладувајќи го Баерн Минхен со 2-0.

Стрелец на двата гола за Котбус беше Бранко Јелиќ во 18-та и 38-та минута. Во 30 минута Франк Рибери промаши пенал за израмнување.

Митрески го одигра 51 натпревар во бундес лигата, 24 оваа сезона. Триумфот над гигантот Баерн ќе го пaмeти и по жолтиот картон во 44 минута.

Со оваа победа Котбус се наоѓа едно скалило над местата кои водат во Вторта бундес лига.