Без победник 3-3 заврши епското дерби на Стемфорд Бриџ, помеѓу Челси – Манчестер Јунајтед. Актуелниот првак по еден час игра имаше негатива од 3-0, а во последниот половина час постигна три погодоци и ја продолжи шампионската битка со градскиот ривал Манчестер Сити.

Првиот дел од мега дербито помина во грчевите и бледа игра на обете екипи. Благодарение на продорото на младинскиот репрезентативец Стариџ стекна водство откако дефанзивецот на Манчестер, Еванс ја затресе сопствената мрежа.

Во вториот дел публиката на Стемфорд Бриџ “експлодираше“, Мата по нафрлувањето на Торес стрелаше за 2-0, а пет минути подоцна Давид Луис со голема помош од Фердинанд зголемува на 3-0.

После третиот погодок во мрежата на Де Геа, избраниците на Фергусон се разбудија, стартот на Стариџ над Евра, главниот судија Веб го окарактеризира со пенал. Руни го претвара во погодок и го намалува резултатот на 3-1. Англискиот репрезентативец, Руни повторно е прецизен од пенал и со 14 погодок во сезоната ја враќа неизвосната во мечот, откако српскиот фудбалер Ивановиќ несмасно го собори Велбек во казнетиот простор.

Резултатското враќање на мечот, Манчестер го реализираше преку Чичарито во 84-та минута, кога мексиканецот само се поклона на нафрлената топка од ветеранот Рајан Гигс. Во финишот на мега дербито, домаќините беа поблиску до четврти погодок но шпанскиот чувар Де Геа со две фантастични “паради“ го спаси Јунајтед од пораз.

Мх.П.