Видео: Над 120 повредени на геј парадата во Белград
10.10.10 18:00
Јаки полициски сили го обезбедуваа центарот на Белград каде денеска се одржа Парада на љубовта и не дозволија судир на учесниците со противниците на парадата. При тоа дошло до жестока пресметка на полицијата со толпата која се противи на собирот, во која според последните информации се повредени 120 луѓе, од што најголем дел припадници на полицијата. Меѓу нив има и потешко повредени, а медиумите јавуваат дека утрово пред својот дом бил претепан и еден од организаторите на геј парадата.
Над 120 повредени на геј парадата во Белград
Градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, изјави дека во нередите е причинета материјална штета од над еден милион евра. Среќа е што нема жртви, подвлече Ѓилас, во изјава за српските медиуми, нагласувајќи дека е потребно да се казнат насилниците. Градоначалникот на Белград исто така апелираше во иднина да се избегнува организирање на манифестации кои предизвикуваат насилство.
Хаос во Белград
Во нередите денеска настрада и седиштето на партијата на на претседателот Борис Тадиќ.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...