
За таа цел на булеварот ќе бидат изградени шест кружни текови, вклучително и на крстосниците кај „Макси Д“ и кај „Охридска банка“. Исто така се предвидува и проширување на коловозите по целата улица на сообраќајницата, а модернизацијата треба да заврши со поставување на безбедносни камери.
-Видео камерите се добра работа и треба да се воведат не само поради безбедноста во сообраќајот, туку и за зачувување на имотот, и тоа не само на „Туристичка“, туку и на другите улици во градот, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Тој истакна дека локалната самоуправа ја поддржува таа идеја и се надева дека истата ќе биде реализирана од страна на централната власт.











