Екипата на македонскиот интернационалец Горан Пандев, Наполи ја совлада Фиорентина со 3-0 на гостувањето на Артемио Франки. Кавани на два пати и еднаш Лавеци ја тресеа “виолетовата“ мрежа. Пандев ги одигра последните дваесетина минути и тоа токму на место на двојниот стрелец Кавани.
Интер им приреди уште едно фијаско на своите навивачи, откако на “Џузепе Меаца“ претпре срамен пораз од Болоња со 3-0. Патронот на клубот, Масимо Морати неможејќи да го гледа очајното издание го напушти стадионот на средина од второто полувреме.