Наполи го совлада Кјево со 2-0, додека Рома загуби од Сиена со 1-0 во последните натпревари од Серија А. “Аѕурите“ прашањето околу победникот го решија во првиот дел кога со головите на Бритос и Кавани од пенал стигнаа до убедлива предност.

По ремито против Јувентус, Сиена приреди уште едно пријатно изненадување совалдувајќи ја Рома со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Каило од пенал во вториот дел.

Наполи и Рома остануваат во трка за местата кои водат во Лигата Европа наредната сезона.

ohridnews