Македонскиот репрезентативец Горан Пандев блесна во убедливиот триумф на Наполи од 6-1 над Џенова во вондредната 16-та рунда од “Калчо“ Лигата.


Македонската “десетка“ прво асистираше до уругваецот Кавани за 3-1, потоа Пандев со неговиот трет погодок во сезоната го зголеми водството на 4-1 по додавањето на словачкиот интернационалец Хамшик. Погодоците за “наполитанците“ ги постигнаа пет различни фудбалери Пандев, Хамшик, Каргано, Зунига стрелаа по еднаш додека најдобриот стрелец во “сините“ Кавани два пати се запиша во листата на стрелци. Почесниот  погодок за Џенова го постигна Жоркера.

Резултати: Наполи – Џенова 6-1, Болоња – Рома 0-2, Интер – Лече 4-1, Удинезе – Јувентус 0-0, Аталанта – Чезена 4-1, Лацио – Киево 0-0, Новара – Палермо 2-2, Парма – Катанија 3-3.

Табела : Милан 34, Јувентус 34, Удинезе 32, Лацио 30, Интер 26, Наполи 24. . .

Мх.П.