
Непосредно по започнувањето на промоцијата, маскирана група упаднала во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден. Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Викор Фридман кој биле гостин на промоцијата. Непосредно пред доаѓањето на полицијара насилниците избегале, а за да се избегнат други инциденти промоцијата продолжила на периферијата на Атина.
Според партијата на македонцијте во Грција, „Виножито“, инцидентот е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност. Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од покојниот Васко Караџа според промоторите е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоње на македонскиот јазик.











