Повеќе од стотина навиачи на МЗТ Скопје се појавија на последниот тренингза да ги бодрата своите кошаркари пред дерби мечот со Работнички кој се игра вечерва од 19 часот. МЗТ кој продолжи да опстојува благодарение на навивачката група “Фемили“ за прв пат во својата историја нема да биде дел од Суперлигата во која ќе влезат шесте најдобри тима од есенската полусезона и кои в година ќе ја продолжат битката за шампионската титула.

 

Штрковите во продолжението од првенството, заедно со уште две екипи, ќе мора да настапуваат во Плејаут-лигата во која ќе треба да го избегнат последното место, кое води во понизок ранг. Непарниот број тимови во лигата за опстанок е резултат на предвремената елиминација на Амак-СП, кој беше исклучен поради два службени порази и кој одамна е првиот патник во понизок ранг.

Денес играат:
МЗТ – Работнички, Фени И. – Овче Поле, Вардар 2000 – Вардар Осигурување, Пелистер – Торус. Слободен е тимот на Плејмејкер К.