57-миот по ред Ол-Стар викенд во американската професионална кошаркарска лига (НБА) финишираше ноќеска во Њу Орлеанс со победа на Истокот над Западот од 134:128.

Најзагреан за игра беше бекот на Коњаниците од Кливленд, Леброн Џејмс кој постигна 27 поени, осум скокови и девет асистенции и по втор пат во кариерата ја понесе МВП титулата. Во победата на Истокот голем допринос даде и Реј Ален постигнувајќи 28 поени.

Во екипата на Западот најпрецизни со по 18 поени беа Кармело Ентони, Брендон Рој и Стадемаер. Следниот НБА Ол-Стар викенд ќе се одржи следната година во Феникс.

Во натпреварот во забивање победи кошаркарот на Орландо Меџик, Двајт Хауард. Хаурд имаше импресивен настап, најпрво приреди одлично индивидуално мајсторство од зад кошот, за во втората серија преправен во “Супермен” да изведе уште една одлична завршница собирајќи ги можните 100 поени од жирито.

 

Во натпреварот во брзо шутирање тројки победи кошаркарот на Торонто Репторс, Џејсон Капоно, кој воедно и постави нов рекорд (25 поени) во финалните мечеви од ова натреварување.

Во “Схоотинг старс” натпреварувањето, во кое се натпреваруваат мешани тимови составени од по еден поранешен НБА кошаркар, и по еден активен кошаркар од НБА и BНБА, победи тимот на Сан Антонио во состав Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Беки Хамон.

Тимот на играчи  кои втора година настапуваат во НБА лигата забележа победа во дуелот против дебитантите со 136:109. Играч на натпреварот беше кошаркарот на Кливленд, Даниел Гибсон, кој успеа да постигне 33 поени.