Двајт Хауард од Орландо Меџик и Коби Брајант од Л.А. Лејкерс се играчи на неделата. Во источната конференција Орландо одигра 4 натпревари(скор 3-1),а на секој од нив Хауард забележа дабл-дабл учинок со просек од 17 поени, 17.8 скока и 4.5 блокади по натпревар. На западот пак, на Брајант не му сметаше фрактурата на прстот за да оствари просек од 34.5 поени(најмногу во лигата), 5.5 скока,4 асистенции и 2.5 украдени топки по натпревар, и да ги предводи Лејкерси до сите 4 победи на гостувањата оваа недела.
Се поизвесно е дека ќе нема повеќе место за Нејт Робинсон во екипата на Њу Јорк Никс. Иако договорот му истекува дури на крај на сезоната, овогодинешниот победник на Ол-Стар натпреварот во забивање воопшто не добива шанса за игра од тренерот Мајк Д’Антони. Причина повеќе се и гласините дека покрај тоа што Никс се обидуваат да го доведат ЛеБрон Џејмс во нивните редови следната година, планираат да ги ангажираат и Двејн Вејд од Мајами, Крис Бош од Торонто и Амаре Студемаер од Феникс, па во таква екипа неби имало место за Робинсон.
Еве неколку потези кои ја одбележаа неделата што измина:










