Во најатрактивниот дел од Олстар викендот, натпреварот во забивање минатогодишниот победник Нејт Робинсон ќе има тешка задача да ја одбрани титулата. Ол стар викендот годинава ќе се одржи во Далас. Еве ја листата на натпрварувачи.
Нејт Робинсон, бек, Њу Јорк Никс

Висина: 175 см.
Тежина: 81 кг.
Универзитет: Вашингтон
Сезони во НБА: 4
Џералд Волис, крило, Шарлот Бобкетс

Висина: 201 см.
Тежина: 100 кг.
Универзитет: Алабама
Сезони во НБА: 8
Шенон Браун, бек, Лос Анџелес Лејкерс

Висина: 193 см.
Тежина: 95 кг.
Универзитет: Мичиген
Сезони во НБА: 3
ДеМар ДеРозан, бек, Торонто Репторс

Висина: 201 см.
Тежина: 100 кг.
Универзитет: УСЦ
Сезони во НБА: Руки

Датум на раѓање: 25 Декември, 1988








