Бранителот на трофејот ЛА Лејкерс и вицепрвакот Орландо Мeџик полека но сигурно чекорат кон ново разигрување за “прстенот“.


“Езерџиите“ со тесни 111-110 во инафаркт завршница ја совладаа Јута и поведоа со 3-0 во серијата подобар од седум. Минатогодишниот МВП во финалето Коби Брајант со 35 поени ги предводеше Лејкерс, Дерек Фишер и Рон Артест постигнаа по 20 поени додека шпанскиот интернационалец По Гасол со дабл дабл учинок 14 поени, 17 скокови ја комплетираше одличната вечер на првата петорка на Лејкерс. Кај “џезерите“ расположени за игра беа Дерон Вилијамс (29 поени, 9 асистенции) и Кајл Корвер постигнувајќи 23 поени.

Резултати:
Орландо – Атланта 105-75 (3-0)
ЛА Лејкерс – Јута 111-110 (3-0)

ohridnews