Мирослав Клозе со гол во 93 минута осигура победа на Лацио прва по пет години над градскиот ривал Рома.

“Џалоросите“ дојдоа во предност во петтата минута со голот на италијанскиот репрезентативец Освалдо, Лацијалите возвратија по најстрогата казна преку Хернанес, а во тие моменти Рома остана со играч помалку по исклучувањето на Кјаер.

Голот победа беше дело на германскиот центарфор кој беше побрз од судискиот свиреж.