Шесткратниот првак во НБА Лигата Чикаго Булс по пауза од 13 години има скор од 50 победи во една сезона во регуларната сезона. Последна таква сезона имаат во 1998 во времето на Мајкл Џордан и компанија кога станаа и шампиони.


“Биковите“ до 50-та победа стигнаа после триумфот над Сакраменто Кингс со 132-92. Првиот пулен на Чикаго, Дерик Роуз постигна 18 кошеви, Корвер исто на своето конто запиша 18 поени додека повратникот кај “биковите“ Карлос Бузер уфрли 15 кошеви додаде 5 скокови и  5 асистенции.

Мх.П.