Градските ривали, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ја продолжуваат победничката серија во Премиер Лигата. На секоја победа на “граѓаните“, “црвените ѓаволи“ одговараат “дупла мера“. Сити на својот стадион со 3-0 го совлада Виган и врза четири победи по ред, стрелец на трите погодоци е новото засилување Серхио Агуеро.

Најавите на фудбалерите на Болтон дека ќе го запрат “младиот“ тим на Манчестер, паднаа во вода уште во 3-та минута кога Чичарито погоди за водство до конечните 5-0 мрежата на Јаскелаинен ја полнеше Руни кој постигна хет-трик и Чичарито со уште еден погодок.

Резултати: Арсенал – Свонси 1-0, Ман Сити – Виган 3-0, БОлтон – Мен Ју 0-5, Сандерленд – Челси 1-2, Волфс – Тотенхем 0-2, Евертон – Астон Вила 2-2, Стоук – Ливерпул 1-0.

Табела: Мен Ју 12, Мен Сити 12, Челси 10, Стоук 8, Ливерпул 7. . .

Мх.П.