Победи за водечкиот тандем во шпанската Ла лига. Реал Мадрид како гостин се радуваше на победа над последнопласирната Сарагоса. Озил, неверојатниот удар на Роналдо и Ди Марија погодија за кралевите, додека почесниот гол за домашните го постигна Фернандез.

Барселона продолжи по старо, уште еден Реал , овај пат Сосиедад со чиста петка од Камп Ноу. Виља, Иниеста, на два пати Меси и Кркиќ погодија за “блауграна“.


Резултати : Билбао – Еспањол 2-1, Херкулес – Малага 4-1, Мајорка – Расинг 0-1, Хихон – Леванте 1-1, Сарагоса – Реал 1-3, Барселона – Сосиедад 5-0.

Табела : Барселона 40, Реал Мадрид 38, Виљареал 30, Еспањол 28, Валенсија 24 ….