Барселона и Милан сигурно чекорат кон 1/8 финалето во Лигата на Шампиони откако “блауграната“ и “росонерите“ забележаа идентични победи од 2-0 во третото коло над Викторија Плзен односно Бате Борисов.
Избраниците на Гвардиола на мечот со Викторија Плзен во целост го засенија противникот недавајќи му простор да дише. Натпреварот на Ноу Камп имаше македонски “шмек“ благодарение на македонскиот арбитар, Александар Ставрев кој маестрално го водеше натпреварот.
– На мечот со Викторија одигравме егзибиционен натпревар, има една новост во екипата: Барселона да триумфира а Меси да не постигне погодок – краток е Пеп Гвардиола, тренерот на Барселона.
Со по еден погодок во двете полувремиња на “Ибракадабра“ и Кевин Принс Боатенг, Милан прокнижи нови три бода. “Росонерите“ со седум бодови ја делат првата позиција на табелата со Барселона.
– Сакам да освоиме се каде што се натпреваруваме. Мораме напорно да работиме за да го исполниме тоа што го остваривме минатата сезона – истакна Ибрахимовиќ.
Видео ЛШ : Бод за Тричко, Барса, Милан и Челси по план
Мх.П.