Шпанскиот репрезентативец во дресот на Челси, Фернандо Торес на дерби натпреварот во Премиер Лигата со Манчестер Јунајтед се посрамоти откако промаши “празен“ гол.


“Ел Њињо“ доби длабочинска топка од Рамиреш, шпанецот избегна офсајд “стапица“ го помина голманот на Јунајтед, Давид де Геа и кога требаше да ја затресе празната мрежа Торес се посрамоти и биеше покрај голот.