Барселона му одржа уште една лекција на Реал Мадрид во “Ел Класико“, овој пат во првиот натпревар од 1/4 финалето од “Копа дел Реј“.


Мечот потполнo наликуваше на оној од Примера, Реал започна фуриозно, Бензема упати длабочинска топка до Роналдо кој беше непогрешлив и ја затресе мрежата на Пинто.

Големината “блауграната“ ја покажа во вторите 45 минути, Иниеста и Санчез ги гаѓаа пречките а дефанзивците Пујол и Абидал го пронајдоа патот во мрежата на Касиљас.

Резултати : Атлетик Билбао – Мајорка 2-0, Реал Мадрид – Барселона 1-2

Мх.П.