Податоците за бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи во светот се фрапантни и сериозно опоменуваат дека треба да се преземат мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Годишно во светот во сообраќајни несреќи животот го губат 1,5 милиони луѓе, а 55 милиони се здобиваат со тешки или лесни повреди, а најзагрозена популација се децата на возраст помеѓу 10 и 19 години. Ниската сообраќајна култура, лошата инфраструктура и забрзаната урбанизација во Македонија придонесуваат за бројот на сообраќајни несреќи, но пред се треба да се влијае на однесувањето на учесниците во сообраќајот за да се спречат несреќите на македонските патишта кои ги загрозуваат животите на луѓето, сметаат експертите.

– Мора да се обидеме да преземеме нешто, да ја подигнеме сообраќајната култура согласно сообраќајните правила и прописи кои мора да се почитуваат, а не да се изнаоѓаат начини како да се избегнуваат казните за направените сообраќајни прекршоци, вели Д-р Томислав Тунтев од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот кој е гостин во најновото издание на „Охридски разговори“ во кое се говори за состојбите во сообраќајот во Охрид и за мерките кои треба да се преземат за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

OhridNews