Познатиот охридски естраден уметник Петар Нечовски, со нов музички подарок до сите кои сакаат да ја слушаат неговата музика. Неодамна заврши снимањето на виео спотовите за песните „Нашинска“ од авторот Дејан Ќурчиев и „За тебе“ од Ристо Апостолов.

Видео спотовите се снимија со средства на министерството за култура, доделени во рамки на категоријата Ѕвезди на фолк музиката, а ги добивме јас и Виолета Томовска. Песните се снимени на атрактивни локации во Струга и Охрид, со што на некој начин ги промовирам и овие два бисери на охридското крајбрежје, вели Нечовски.

Нечовски најавува дека во наредниот период ќе се изврши промоција на современо дизајнираното ЦД кое го издаде по повод одбележувањето на  трите децении музичка кариера. Следуваат настапи и на познатите фестивали, меѓу кои „Валандово“, „Охридски трубадури“, „Пирин Фолк фест“.

OhridNews