Боби Мојсовски, младиот македонски изведувач кој не воодушеви и направи горди со своите изведби во втората сезона на Х-Фактор Адриа, момчето коe освои Гранд При награда на реномираниот интернационален фестивал Славјански базар во 2012 каде меѓу наградените се музички ѕвезди како нашиот Тоше Проески, Жељко Јоксимовиќ, Руслана и други, денеска започна со промоција на својот нов музички запис насловен како „Погледни во мене“. Спотот го режираше охриѓанецот Даниел Јовески.

Музиката и аранжманот е на Јован Василевски, а автор на текстот е  Боби Мојсовски. Нумерата предвидено е да се промовира и на српско-хрватскиот пазар па затоа е снимена и во соодветна јазична верзија. 

OhridNews