Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати беа првите кои во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа новата 2018 година, а набрзо потоа 2018-та пристигна и во Нов Зеланд. Новата година во Нов Зеланд беше дочекана во Окланд, со огномет од кулата „Скај“ висока 200 метри.

Во 13 часот по средноевропско време Нова Година пристигна во делови од Русија, а во 14 часот и во Австралија каде се одржуваат спектакуларни огномети во Сиднеј.

Први јануари на крај ќе го дочекат во американска Самоа и на островот Ниџуе во јужниот дел на Тихиот Океан, односно кај нив, гледано според средноевропско време, новата година ќе дојде дури утре.