Во последното издание на емисијата „На муабет со“ за оваа година ги слушнавме новогодишните желби на граѓаните. Охриѓани во најголем дел новата година ќе ја дочекаат дома, а најголемата желба е во Новата година пандемијата да заврши и животот да се врати во нормала. Се надеваат на подобра година која ќе биде исполнета со просперитет, здравје, среќа и љубов.

Вик Какаротски ни раскажа за појдовната точка на оваа акција која ја реализираа за прв пат заедно со Никола Ристески минатата година, а годинава доби далеку поголем размер.
Муабетевме и за новогодишните желби. Децата кои тој ги посетил , како што вели, сите сакаат да бидат среќни и да живеат во нормално детство без пандемија, а впрочем тоа е и неговата новогодишна желба, децата да бидат среќни и светот да стане подобро место за живеење.
Сите сме свртени кон материјалното, а не кон духовното. Децата сега треба да ги научат вистинските вредности, дека не е се во материјалните работи. Јас постојано апелирам, секој нека се потруди да помогне колку што може. Не мора да донирате преку мојата организација, направете го тоа самоиницијативно, едноставно свртете се околу вас, видете што му е потребно на човекот до вас, нека е и пакетче подарете и изненадете некого. Ќе се израдува“, вели Вик.
Ова издание на емисијата го завршуваме со моменти од изминатите изданија „На муабет со“, ќе ги погледнете најинтересните моменти низ минатите емисии, како и делови од емисиите во кои ги забележавме најважните работи кои биле за нашите гости.
К.А.












