Лидерот во Серија А, Јувентус неочекувано ремизираше на домашен терен со Каљари играјќи 1-1. “Старата дама“ поведе преку Вучиниќ, во првиот дел, а конечните 1-1 ги постави Кoсу на почетокот на вторите 45 минути.

Киксот на Јувентус, е добра увертитра за градското дерби помеѓу Милан – Интер.

Резултати : Јувентус – Каљари 1-1, Лацио – Аталанта 2-0, Чезена – Новара 3-1, Фиорентина – Лече 0-1, Џенова – Удинезе 3-2, Парма – Сиена 3-1.

Табела : Јувентус 38, Милан 37, Удинезе 35, Лацио 33, Интер 29. . .

Мх.П.